Copy
Месец на науката, ноември 2016: Регистрација
Отвори во прелистувач

Месец на науката

Почитувани пријатели, колеги, наставници и ученици,
почитувани членови на здруженијата кои обединуваат наставници

Во текот на месец ноември ќе се одржи настанот „Месец на науката“, а во негови рамки ќе се одржи и XLI Школа „Млади физичари“.

Настанот е во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно-математички факултет и Skopje City Mall, а со поддршка се вклучува и издавачката куќа Арс Ламина.
 

ПРЕЗЕМИ ИЗВЕСТУВАЊЕ
Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (било во основно или средно училиште).

Настанот ќе се одржува на две места, Природно-математички факултет во Скопје и Skopje City Mall. Некои од активностите во Skopje City Mall, како Изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експеримент, се наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти, ваши роднини и пријатели...

Настанот ќе се одржи во текот на месец ноември 2016 година, согласно програмата
ПРЕЗЕМИ ПРОГРАМА
Секој регистриран учесник на настанот (наставници и ученици) добива сертификат за учество на настанот.

Дипломи и награди се доделуваат на најдобрите ученици на Изложбата и натпреварот во изработки, демонстрации и експерименти и на најдобрите ученици на тест натпреварот. Наставниците-ментори на наградените ученици исто така ќе добијат дипломи. 
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО - НАСТАВНИЦИ
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО - УЧЕНИЦИ
ОПИС НА ДЕМОНСТРАЦИЈАТА
Сите заедно да придонесеме во популаризација на науката!

Со почит,
Доц. д-р Боце Митревски,
Претседател на ДФРМ
www.dfrm.org
© 2016 Ars Lamina, Сите права задржанни.


ажурирај го профилот | одјави се