Овој проект е финансиран од ЕУ, а го спроведуваат Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Скопје, 24 јуни 2016
За итно објавување

ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУДОТ ЗА ИНКЛУЗИВНО ОПШТЕСТВО

Невладините организации ШКУЦ - ЛЛ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје како проектни партнери во јануари 2016 година започнаа со имплементацијата на интернационалниот проект „Безбедни и еднакви: управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“.

Двегодишниот интернационален проект ќе се реализира во три македонски градови - Скопје, Тетово и Охрид - во текот на 2016 и 2017 година. Проектот е поддржан од Европската Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV), грантова шема „Поттикнување на социјална инклузија“.

Главните цели на проектот се промовирање активна инклузија на лицата во најслаба позиција на пазарот на трудот, зацврснување на улогата на релевантните чинители за развој на програмите за социјална инклузија при вработувањето, и подигнување на видливоста и свеста во општеството за важноста на превенцијата од дискриминација при вработувањето.

Клучните активности на програмата се фокусирани на воведување на одржлив модел за управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето, идентификација и размена на најдобрите практики во регионот и во Европската Унија. Тоа се состои од серија на курсеви за обука на невладините организации кои работат во доменот на човековите права, трудовите синдикати и работодавците од нашата држава, национална експертска трибина и интернационална конференција на тема зацврснување на граѓанскиот и социјалниот дијалог и вмрежување за еднакви можности, како и кампања за подигнување на свеста на тема диверзитет и инклузивно општество.

Семинар на тема Мерки за заштита од дискриминација при вработувањето

Во рамки на проектот, на 22 и 23 јуни во хотелот „Порта“ во Скопје се одржа семинар на тема „Мерки за заштита од дискриминација при вработувањето“ на кој присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика, ССМ, како и организации од невладиниот сектор.

„Во нашата држава несомнено постои дискриминација и тоа по повеќе основи. Од нашата долгогодишна пракса во полето на човековите права можеме да кажеме дека нееднаквиот третман кон ранливите групи, особено кон жените, Ромите и ЛГБТИ популацијата, е многу честа појава во скоро сите сегменти на живеењето, вклучително и вработувањето. Од тие причини ја развивме идејата за едукативен пилот проект којшто се фокусира на воведување нови мерки за еднакви можности и пренесување на добрите практики и иновативни методи од Република Словенија во однос на управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето. Покрај идентификација и анализа на добрите практики, проектот вклучува обуки за оние кои работат во оваа исклучително важна област“, изјави Гордана Трпчевска од Женска Алијанса.

Семинар на тема Мерки за заштита од дискриминација при вработувањето

Наташа Сукиќ од ШКУЦ ЛЛ особено истакна дека слабата имплементација на антидискриминациските мерки и недостатокот од интегриран пристап до еднакви можности се главните причини поради кои многу ранливи групи при вработување сѐ уште се изложени на дискриминација. Од друга страна, вели Сукиќ, воведувањето мерки за еднакви можности не е претерано комплициран зафат, туку низа од иницијативи кои можат релативно едноставно да се спроведат, имајќи го предвид суштинскиот услов - да постои адекватен интерес и мотивација од страна на одговорните и раководните лица.

 

За дополнителни информации Ве молиме контактирајте го лицето за односи со јавност на проектот, г-дин Петар Стојковиќ, на електронската пошта info@womensalliance.mk или на телефонскиот број 075/339-116.

За да ги преземете соопштението и фотографиите од настанот кликнете овде.
Следете нѐ на Twitter   Следете нѐ на Facebook   Препратете на пријател 
© 2007 - 2016 Женска Алијанса, Сите права задржани.


Нашата поштенска адреса е:
Женска Алијанса
Волгоградска 5/42
Поштенски фах 48
1020 Скопје

Локација на нашата канцеларија:
Вељко Влаховиќ 18 локал 1
1000 Скопје
(спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“)

Email Marketing Powered by MailChimp
отпиши се од мејлинг листата   промени ги подесувањата за пораки од нас